Воробјов: Обама ја мина црвената линија и го навреди рускиот народ
Американскиот претседател Барак Обама го навреди рускиот народ со изјавата дека Русија скапо ќе плати за својата политика, порача денеска потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Јуриј Воробјов.
Како што кажа на вонредната седница на Советот на Федерацијата, Обама на тој начин „ја мина црвената линија“, пренесе Итар-тасс.
Воробјов смета дека е неопходно отповикување на рускиот амбасадор од САД.
Претседателот на Одборот на Думата за Заедницата на независни држави, евроазиската интеграција и врските со дијаспората, Леонид Слуцки, изјави дека Русија секогаш се противела на формирањето еднополарен светски поредок, но дека денеска Западот на сите начини се обидува да ја одвои Украина од Русија.
Обама синоќа изјави дека е многу загрижен заради извештајот за движењата на руската војска на територијата на Украина и ја предпреди официјална Москва на последиците од евентуалното прекршување на суверенитетот на Украина.
Тој кажа дека Русија ќе ја плати цената во случај на каква било воена интервенција во Украина.
-Многу не загрижуваат извештаите за движењата на војската на Руската федерација на подрачјето на Украина, рече Обама во краткото обраќање до новинарите во Белата куќа, пренесоа светските агенции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа