Падна седмица на Лото во скопски Чаир - погледнете колку доби среќникот
По неполна година, повторно во месец март имаме нов добитник на премијата 7ка вредна над 365 илјади евра или фантастични 22.601.966,50 денари. Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова досега е рекордна вредност на најпосакуваната премија.
Најсвежото издание на Новолото, 18тото коло емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител телевизија ги донесе среќните 7 бројки кои интензивно ги посакуваат сите наши играчи. Нашиот среќен добитник своето среќно Новолото ливче го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир. Уплатил 6 комбинации по 15 денари со вкупна уплата 90 денари. Сите комбинации ги уплатил со различни бројки, а интересно е дека токму првата му била среќната со добитните броеви, додека во останатите комбинации нема ниту една друга добивка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа