Кекеновски: Треба да се исправи неправдата која СДСМ и ја нанесе на Македонија

 

Универзитетскио професор Јова Кекеновски на денешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, истакна дека се кандидирал за највисоката функција во државата не за да дели нешто или некого туку напротив да обединува.

- Се кандидирав да ги реинтегрирам силите како на внатрешен така и на надворешен план, да ги релаксирам меѓуетничките и меѓупартиските односи во државата, рече Кекеновски во своето претставување. 

 

Кандидатурата ја поднел за да се подигне демократскиот капацитет на партијата, затоа што секое поинакво размислување е квалитет за самата партија, но и за граѓаните на Македонија. Кекеновски истакна дека максимално ќе се залага и ќе го штити територијалниот интегритет и суверенитет на државата, ќе се спротиставува на сите сеционистички, ретроградни и деструктивни сили, кои за жал, како што рече, во последно време се повеќе излегуваат на површина. Најави дека ќе се спротистави на сите сили кои ќе се обидат да ја промент унитераноста на државата, и наместо единствена држава да ја претворат во некаква функционална федерација. 

 

Според Кекеновски, еден од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, преговорите за името се надвор од сите цивилизациски, морални и правни вредности и длабоко навлегуваат во областа на неотуѓивите парава.

-Кога јас лично би се прашувал јас одамна би ги прекинал тие преговори. Изборот на името на државата е во строга внатрешна јуриздикција на граѓаните на државата, потенцираше Кекеновски. Мене ми е жал што при приемот на нашата држава во ОН се прифатени од страна на тогашните високи функционери на СДСМ кои што денеска еве глумат големи експерти, се прифатени два неправни услови. Односно прифатен е условот да се приговара за своето сопствено име и условот да бидеме примени под привремено име јас би рекол некрофилска референца ФИРОМ односно БЈРМ. Со тоа е повреден принципот на суверена еднаквост на државите содржани во став1, член 2 од Повелбата на ОН, истакна Кекеновски

 

Во однос на евроатланските интеграции рече дека Македонија максимално мора да ги искористи петте позитивни извештаи на ЕК и да остане доследна на тој пат.

- Без разлика на она што се случуваше деновиве пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ сакам да упатам јавна благодарност до претседателот на нашата партијата и генералниот секретар, за максималниот и коректен однос кон мене, и за достојно опстојување на сето она што го договаравме во функција на одржување на оваа конвенција. Битно е после оваа конвенција сите да излеземе обединети односно што е можно посплотени како никогаш досега се со цел да победиме и на претседателските избори и на парламентарните избори, истакна Јове Кекеновски.

01.03.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега