Иванов: Нема да прифатам промена на уставното име - тука сум за да им служам на граѓаните

Актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, се обрати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател.

- Пред пет години стоев на ова место, а и ден денес не можам да ја заборавам таа енергија на луѓе патриоти со визија за подобра Македонија и млади луѓе кои се вложуваат за успешна Македонија, започна актуелниот претседател.

Иванов пред присутните се заблагодари на граѓаните за довербата и поддршката која му ја даваат македонските граѓани.

- Целосно сум свесен колкава е оваа одговорност. Ви благодарам на поддршката. Пред пет години кажав дека имам три основни принципи на кое ме научи семејството и предците, да се биде чесен, искрен и вреден. Најголемо задоволство ми беше кога граѓаните даваа највисоки оценки за чесноста на моето работење. Секогаш бев искрен и непосреден во се што се отстварува. ме избравте иако не сум професионален политичар, туку човек кој образува поколенија и зборува јасно и гласно за нашата историја секогаш и секаде, вели Иванов.

Претседателот додава дека политиката не го променила бидејќи функциите доаѓаат и проаѓаат, и дека е истиот човек од пред пет години кој ја бара поддршката на народот.

- Нека покаже бројот и значењето на сите активности дали сум ја оправдал вашата поддршка. Имав повеќе од 200 билатерални средби, повеќе од 100 средби со други странски државници, верски лидери...тоа не се само средби туку и промоција на Македонија и одржување на традиционалните партнерства со кои се менува претставата на Македонија. Примив повеќе од 5.000 граѓани на кои се обидов да им помогнам со цел да имам реален увид во животот на граѓаните. Ги поттикнував младите и иноваторите. Привлеков преку 100 реанимирани светски универзитетски професори и експерти кои и станаа на пријатели на Македонија. Како верник редовно одев и во храмовите, а одев и во џамии и на И.втари со наши сограѓани, вели Иванов.

Иванов додава дека претседателот не е над граѓаните туку е со нив и еден од нив. - Не станав претседател за да ми служат, туку за да служам на граѓаните на Македонија, вели тој.

- Обврзан сум да ги слушам гласовите на сограѓаните со кои исправував бројни неправди. Македонија не ги заборава хероите, и малите и големите и починатите и живите, кои гинеле за слобода и не обврзуваат да си ја чуваме земјата. Стабилност е Армијата на Македонија чии припадници се посветени и професионални, патриоти и лојални независно од етничката припадност. Затоа и граѓаните имаат најголема доверба во АРм и вистинска чест е да се биде нејзин врховен командант, додава Иванов.

Во совето обраќање претседателот истакна и дека Македонија се отвори кон новите пазари, стекна нови пријателста и истрајува на патот на европската интеграција за што говорат петте препораки за членство во Унијата: - Го бараме тоа што го заслуживме. Се посветил на продлабочување на односите со сеседите. отваравме врата за соработка, со еден исклучок. Во мандатот се сретнав само еднаш со грчкиот претседател на моја иницијатива, но верувам дека ќе дојде ден кога македонскиот и грчкиот претседател ќеседнат на заедничка маса за посветла иднина.

Иванов истакна дека Македонија е трет најдобар реформатор во светот како и успешна дестинација за започнување бизнис.

- Морам да и оддадам признание на Владата за сите постигнати резултати. Чест ми беше да соработувам со луѓе кои напорно и неуморно работат за напредок на Македонија и клучните битки за секојдневието на секој македонски граѓанин. Македонија се сака не само со зборови, туку и со дела, вели Иванов.

Додава дека негова водилка е Каква Македонија градиме, таква ќе ја имаме.

Ѓорѓе Иванов додава дека само како Македонија и Македонци Европа е придобивка за нас и ние сме придобивка за светот.

По отчетот кој го презентираше, Иванов се осврна и на она на кое ќе се посвети ако повторно ја добие поддршката.

- Економски просперитет, нема да прифатам промена на уставното име на Македонија и предлози кои би го загрозиле нашиот идентитет. Сестрана и активна поддршка на евроинтегративниот процес. Регионална соработка преку активна политика на економска и културна соработка и дијалог. Заштита на македоснкиот културен идентитет. Правото да важи еднакво за сите. Унапредување на благосостојбата на граѓаните. Поддршка за Армијата и почитување на различноста во Македонија. Посебна заштита за сите социјални ризици на кои семејстово е изложено. Поддршка на образованието и младите, иновациите, како и негување на нашиот јазик, култура, историја...

Иванов заврши со зборовите дека му е чест што повтрно стои и бара поддршка од граѓаните.

- Македонија не е апстракција туку слобода, достоинство и почитување.

 

 

01.03.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега