Груевски: Нашиот избор е постабилна побогата и посреќна Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска на конвенцијата на која ВМРО-ДПМНЕ бира кандидат за претседател на претстојните избори на 13 април, истакна дека треба да се обединиме во таа одлука во смисла на капацитетот за заедничко и организирано дејствување во правец на целта, а после заеднички да се донесе на начин каде сечија идеја била слушната и анализирана.

-ВМРО-ДПМНЕ покажа силен капацитет давајќи максимален простор за искажување на идеи и ставови и капацитетот на луѓето да се обединат околу одлуката. Да констатираме дека за да се биде тимски играч основен предуслов е некој да е пред се силна индивидуа. Без тоа попусто е што некој има чувство за тимска работа ако е бескорисен, па дури и штетен за тимот. Во политиката за да се биде тимски играч треба капацитет. Тој значи да се гледа големата цел и во името на тоа да се отстапи од сопственото убедување и да се поддржи заеднички прифатеното, да се постигне успех во главната стратешка цел. Нашиот избор е Македонија. Посилна, постабилна побогата, посреќна и попросперитетна. За таа цел во минатото се покажа силен капацитет и во тој однос покажавме разлика од СДСМ, разлика во вредностите, нашиот пристап и начинот на делување. Нашиот збор вреди и стоиме зад него, ние имаме дела а тие немаат, истакна премиерот Груевски на денешната конвенција.

01.03.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега