Пронајдено женско тело во Кочанка река близу браната Градче
Тело на мртва жена е пронајдено вечерва по 19 часот во водите на Кочанска река, на оддалеченост од 2,5 км низводно од браната Градче.
Полицијата, според очевидци, добила дојава по што и го извлекле телото. Идентитетот на жената засега не е познат бидејќи кај неа не се пронајдени никакви документи, а нема информации ниту за тоа како дошло до смртта.
Според првични информации, телото на жената било во водата на Кочанска река еден до два дена.
Телото е предадено на обдукција.
28.02.2014 - 20:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа