Со години не можеле да имаат деца- посвоиле две па им се родила тројка
Сара и Енди Џастис со години се бореле со неплодност, но денес тие се горди родители на пет деца – имаат една тројка и близнаци!
Откако сите можни средства кои ги имале ги потрошиле за третмани и вештачко оплодување, тие решиле да се откажат од маката и болката и да си посвојат едно детенце.
Агенцијата за посвојување ги известила Сара и Енди дека нашле млада мајка која е на почеток на бременоста, а сака да го даде бебето на посвојување, па така од самиот почеток заедно ја следеле бременоста.
За сите било вистинско изненадување кога на еден од прегледите откриле дека не очекуваат едно, туку три бебиња.
На радоста и немало крај, Сара и Енди биле пресреќни што ќе добијат тројка.
Кратко по раѓањето на трите бебиња Џоел, Хана и Елизабет, додека тие се уште биле на интензивна нега поради предвременото раѓање, Сара и Енди доживеале вистински шок – дознале дека Сара е бремена.
Но и тука не е крај на нивната среќа – на прегледот се утврдило дека таа носи близначиња.
Овој благослов го очекувале со години, а Сара вели дека е убедена оти никогаш немало да станат родители доколку не ги посвоеле бебињата.
Само 8 месеци по раѓањето на тројката, се родиле Ендру и Ебигејл.
Денес тие се огромно и среќно семејство, а како што велат Сара и Енди, нивните пет дечиња засекогаш ќе им бидат еднакви и сакани до бескрај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа