Швајцарија започна истрага против Јанукович и неговиот син за перење пари

 

Како што соопшти денеска канцеларијата на Јавниот обвинител во Женева, швајцарското Обвинителство започна со истрага за перење пари против сменетиот претседател на Украина Виктор Јанукович и неговиот син Александар.

Според соопштението, во Женева се води кривична истрага за перење пари против Виктор Јанукович и неговиот син Александар.

Обвинителот Ив Бертос и полицијата вчера изутрина ја претресле канцеларијата на компанијата, чиј сопственик е Александар Јанукович и при тоа заплениле повеќе документи.

Швајцарија вчера објави дека ќе ги замрзне сите сметки во швајцарските банки, кои ќе бидат доведени во врска со кои било средства на семејството Јанукович.

 

Владата на Швајцарија нареди замрзнување на имотот на 20 Украинци.

28.02.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега