Пратеник заврши во болница - масовна тепачка во турскиот Парламент
Нова тепачка се случи во турскиот Парламент за време на расправата за предлог-законот за образование, со кој се предвидува затворање на подготвителните училишта за идни студенти на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.
Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), синоќа се испотепале, а Шевки Кулкуоглу бил хоспитализиран, откако му бил раскрвавен носот по ударот со тупаница во лицето од страна на неговиот колега од АКП, Метин Каланк, јави МИА.
28.02.2014 - 12:10
Фото:
Сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа