Верувале или не - донирал марихуана за сиромашните
Во Пенсилванија полицијата веќе се навикнала на дојави во врска со бизарни предмети кои некој ги донира на Армијата за спас на сиромашните во Шугаркрек.
Анонимни луѓе оставаат се и сешто - од оружје и накит па се до дрога, изјавил шефот на полицијата Мет Карлсон.
Така некој неодамна одлучил да донирал вреќа полна со марихуана и ја ставил во купот со подарена облека.
Полицијата трага по анонимниот доброволец.
28.02.2014 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа