Шилегов осуден за клевета - на Јанкуловска ќе и плати 500.000 денари

 

Во Основниот суд Скопје 2 денеска беше објавена пресудата по тужбата која министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја покрена против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за клевета.

Министерката го тужи Шилегов поради тоа што биле нарушени нејзините чест и углед со изјавите за нејзиниот имот. Таа побара оштета од 16.000 евра.

Судот пресече дека Шилегов на Јанкуловска треба да и плати 500.000 денари за клеветата.

28.02.2014 - 10:47
Фото: 
плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега