Екскурзијата се претвори во трагедија - 13 дечиња загинаа во автобуска несреќа
Наместо да одат на екскурзија и да се забавуваат, светот е завиен во црно по голема трагедија во која загинаа 13 дечиња.
Најмалку 15 лица од кои двајца наставници и 13 ученици за жал го загубија животот откако школски автобус се судрил со камион, на истокот на Тајланд. Како што пренесува АФП, во сударот се повредени 30 лица кои итно биле пренесени во болница.
Учениците кои се на возраст помеѓу 10 и 14 години тргнале на излет на море, но наместо да уживаат и да се забавуваат, се случила трагедија.
Полицијата истражува како дошло до несреќата, но најверојатно возачот на камионот заспал зад воланот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа