ВИДЕО: Тинејџерка со својот изум ќе го менува светот

 

Ан Макосински од Канада на само 16-годишна возраст измисли светилка која свети со помош на топлината на човековото тело, со која ќе го менува светот.

Тинејџерката инспирација за оваа идеја добила од своја пријателка од Филипините која нема струја во својата куќа. Ан започнала да експериментира, па направила џебна ламба која свети ако едната страна на елементот е ладна, а другата топла. Со месеци работела на својот изум кој ќе помогне на многу семејства кои немаат електрична енергија во домовите.

За она што го направила, младата девојка добила награда и стипендија од 25 илјади долари на Научниот саем на Гугл.

Погледнете за што се работи...

28.02.2014 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега