Три лица тешко повредени - страотни несреќи вчера го потресоа Скопје
Вo текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Три од нив се со последица материјална штета, пет со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и двајца возачи на мотоцикли.
Во Скопје вчера се случиле и две несреќи со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 16 часот и 20 минути на улицата „Р. Радосављевиќ“ помеѓу мотоцикл и велосипед. Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди.
Втората е железничка несреќа која се случила во 16:30 на железничката пруга Скопје – Косово, во близина на надвозникот во Шуто Оризари. Тешки повреди заработил пешак од Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа