Седници на три собраниски комисии
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
Пред Комисијата за надворешна политика отчетно обраќање ќе има Оливер Шамбевски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во НР Кина.
Шамбевски ќе ја претстави и платформата за дипломатски активности како новоименуван амбасадор на Република Македонија во Италија.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија ќе расправаат за Предлог-законот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа