Телефонски разговор помеѓу Кери и Лавров за ситуацијата на Украина

 

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска по телефон разговараа за ситуацијата во Украина, соопшти руското Министерство.

Кери се заложил за соработка со цел за нормализирање на ситуацијата, а Лавров оценил дека е неопходно спроведување на постојните договори, особено Договорот за решавање на ситуацијата во Украина од 21 февруари, потпишан од украинскиот претседател Виктор Јанукович, претставници на опозицијата и министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска, со поддршка на САД.

Лавров и Кери ја истакнале важноста на практичните мерки кои би го олесниле спроведувањето на Договорот за решавање на кризата во Украина, за што претходно во телефонски разговор на 21 февруари разговараа претседателите на САД и Русија, се наведува во соопштението.

27.02.2014 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега