Во зоолошките градини во Европа годишно се убиваат 5.000 здрави животни
Извршниот директор на Европското здружение на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) Д-р Лесли Дики, за Би-Би-Си изјави дека во Европа секоја година се убиваат од 3.000 до 5.000 здрави животни.
- Со проценката се опфатени сите убиени животни во зоолошките градини, било да станува збор за полноглавци или жирафи, лавови или мечки, наведе д-р Дики.
Некои животни ги убиваат во согласност со програмата за одгледување, осмислена да го поттикне генетскиот диверзитет на популацијата заробени животни.
- Во услови на преголемо размножување на сродните припадници на видовите во ЗОО, тие животни стануваат апсолутно бескорисни за каква била програма за враќање во природата, посочи Дики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа