Јанукович утре ќе одржи прес-конференција во Русија ?!
Според јавувањето на руските медиуми сменетиот украински претседател Виктор Јанукович утре во Русија ќе има прес конференција.
Претходно ИТАР-ТАСС објави обраќање на Јанукович до народот на Укрина во кое сменетиот шеф на украинската држава наведува дека се уште се смета себе си за легитимен претседател на Украина.
- Се уште се сметам за легитимен претседател на украинската држава, избран со слободната волја на украинските граѓани, посочува Јанукович во „обраќање до народот на Украина“.
- Не можам да останам нем на трагичните настани во мојата татковина. Сметам дека Спогодбата за надминување на кризата во Украина, што на 21 февруари 2014 година ја потпишавме јас и лидерите на украинската опозиција во присуство на почитуваните западни партнери, не е исполнета. Од улиците на многу градови во земјата ни се јавува екстремизам. Се упатуваат закани за физичка ликвидација кон мене и кон мои соработници, додава Јанукович во изјавата.
Тој упати молба до руските власти да му ја гарантираат „личната безбедност од активностите на екстремистите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа