Mинатата година во Европа немало ниту една смртоносна авионска несреќа
Европската агенција за авијациска безбедност соопшти дека Европа е рекордер по воздушна безбедност без ниту една смртноносна авионска несреќа во 2013 година.
Агенцијата изрази загриженост дека безбедноста на авионите може да се влоши во некои земји, кои имаат економски потешкотии.
Во периодот од 2001 до 2010 година агенцијата за авијациска безбедност регистрира во просек по 25 несреќи годишно, од кои три се со смртни случаи.
Во 2012 година за една година имаше 34 несреќи, од кои една со жртви. Во изминатата 2013 година немало ниту една смртоносна несреќа, но точната бројка на инцидентите ќе биде соопштена подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа