Њујорк ќе ги истребува лебедите?!
Иако во Англија лебедите се вистинко богатство кое е заштитено од кралицата, сепак за Њујорк тие претставуваат закана.
Така до 2025 година се очекува да се истребат 2.200 лебеди.
„Лебедите ги напаѓаат луѓето, ја уништуваат вегетацијата, ги загрозуваат локалните животински видови, претставуваат закана за авионите и ја загадуваат водата затоа што нивниот измет ја содржи бактеријата Ешерихија коли”, според податоците на министерството за животна средина на државата Њујорк.
Државата Њујорк сака да ја прошири борбата со лебедите поради „заштита на интегритетот на екосистемот”. Гнездата на лебедите ќе бидат уништени, а јајцата стерилизирани.
Здружението „Goose Watch NYC” се противи на ограничувањето на бројот на лебеди, побара планот да се укине.
„Скандалозно е што некој сака да истреби животински вид кој живее тука повеќе од 150 години”, изјавил основачот на здружението, Дејвид Каропкин.
Петицијата против планот објавена на Интернет страната на здружението до вторник собрала 26.100 потписи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа