Проговори момчето кое ја мина ноќта со професорка: "Не можев да верувам колку сум среќен"
Бернардет Смит (35) професорката од Шкотска, која е обвинета за злоупотреба на јавната доверба бидејќи спиела со својот ученик, 17-годишниот Гери Ралстон, избегнала затворска казна.
По сите случувања, Гери одлучил да проговори за професорката и тој изјавил дека таа му била омилената учителка уште пред да почне да го привлекува нејзиното внимание на посебен начин.
"Мислев дека сум прилично среќен. Им се допаѓаше на многу ученици. Не можев да верувам дека е со мене. Тоа беше последното што го очекував. Ми кажа дека мисли дека е полудена, но не можела да ги крие своите чувства", изјавило момчето и го раскажало својот состанок со неа.
Тој раскажува како дошло до чинот на зближување:
"Со автомобилот бевме во еден парк. Малку прошетавме, а кога се вративме во автомобилот страсно ме бакна", изјавил Гери и додал дека бил загрижен за нејзината работа и нејзиното семејство, пренесува британски "Mirror".
По оваа случка младиот Ралстон се му раскажал на својот татко, кој го предупредил да биде внимателен, а неговата баба за инцидентот го предупредила училиштето, при што професорката била суспендирана во истиот момент.
Иако нивната врска станала јавна, втората ноќ ја минале заедно во домот на Гери.
"Кога отидовме во кревет бев многу нервозен. Разговаравме и ништо друго не се случи", раскажал младиот Гери.
Обвинителката Ен Ор раскажала дека професорката за време на испрашувањето изјавила дека е вљубена во момчето и дека сака да бидат заедно, пренесува Mirror.
На крајот таа била прогласена за виновна поради сексуални односи со малолетник.
Поради тоа, таа ќе биде под надзор следните 2 години, а исто толку време ќе мине на официјалната листа на сексуални престапници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа