Жена уапсена поради злоупотреба на бројот 911- барала секс услуга од полицаец
Педесет и осумгодишната американка Мариа Монтанез –Колон од Флорида пред извесно време била уапсена поради злоупотреба на бројот 911 кога пијана се јавила во полицијата за да се зближи со еден полицаец.
Имено Мариа се јавила два пати во полицијата, првиот пат се јавила за да побара од полицијата да го пронајдат нејзиниот автомобил, по доаѓањето на нејзината адреса полицаецот увудел дека таа е всушност пијана и почнала да му се додворува.
Толку сум возбудена, никој не влегол во мене со години му рекла Мариа на полицаецот.
Тој се обидел да го прескокне овој разговор и се вратил на првичната тема за нејзиниот автомобил при што културно ја прашал што може да стори за да и помогне кога таа му одговорила: Да ме из***ш .
По оваа непријатна ситуација полицаецот успеал да се врати на темата за автомобилот па Мариа му објаснила дека му го препишала возилото на нејзиниот посинок но дека сега го сака назад.
Полицаецот и објаснил дека во тој случај неможе да и помогне па си заминал, кога по замо неколку часа Мариа се јавила во полицијата и кажала дека полицаецот многу ја налутил бидејќи кога го замолила да имаат секс тој ја одбил и покрај тоа што на прв поглед и изгледал како вистински џентлмен.
По оваа случка Мариа била уапсена за злоупотреба на бројот 911.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа