Хорор: Детенце гледало како со нож ја бодат мајка му пред детска градинка

 

Хорор се случил во Врњачка Бања. Монструм започнал да си ја боде поранешната сопруга со нож пред очите на својата 4-годишна ќерка.

Драмата се одвивала во понеделникот во градинката Бисери во Врњачка Бања кога Слаѓан Дабижљевиќ  со нож ја нападнал поранешната сопруга Маријана Макојевиќ. Воспитувачките испаничени го тргнале малото девојче кое стоело на вратата за да не го гледа ужасот кој се случувал, Полицијата брзо интервенирала и го разоружала насилникот. 

-„Во последните година дена мојот некогашен маж се обиде дури и да ме задави. Поднесов кривична пријава, а подоцна таа пријава ја дополнив, но заканите и насилството не престанаа. Кога во градинката го извлече ножот, еден од родителите се обиде да го смири, но не успеа. Додека полицијата го одведуваше, тој викаше дека ќе излезе од затвор и дека ќе ме заколе, раскажува несреќната жена која завршила со убоди во пределот на вратот, рацете и нозете.

Жената си ја отвара душата и вели дека на почетокот нејзиниот сопруг бил супер, но потоа станал насилен и груб. 

Во јуни изминатата година, Маријана и Слаѓан се развеле. Старателството било доделено на мајката, а таткото имал право да ја гледа ќерката два викенди во еден месец.

27.02.2014 - 13:29
Фото: 
а1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега