Оваа актерка го шокираше светот - еве која и била последната мисла додека паѓал авионот со кој летала
Британската актерка и модел, Софи Монк, доживеа хорор откако авионот со кој леташе започна да паѓа. Таа си ја отвара душата и вели дека во тој момент додека мислела дека нема да преживее, првото нешто што и поминало во глава било зошто не си вградила силикони.
- Требаше да си ставам силикони, беше првото нешто што ми помина низ главата, вели Софи.
Моментот во кој се соочуваме со смртта според многумина е момент во кој се просветлуваме. Повеќето луѓе прават ретроспектива на животот, но оваа актерка се сетила на нешто што изгледа ќе биде следно што ќе го направи.
- Моторите се изгасија и почнавме да паѓаме. Сите ги фати паника а јас само си велев дека требаше да си ставам силикони, вели таа.
За среќа, се се завршило добро и патниците излегле живи и здрави од авионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа