Канада ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф денеска ќе учествува на форумот во организација на НАТО Советот на Канада, на тема „Инвестиции и бизнис можности во Југоисточна Европа“.

На овој форум, министерот Наумоф ќе се осврне на поволната бизнис клима во Македонија, при што ќе ги потенцира можностите за инвестиции и бизнис во нашата земја.

На форумот се очекува да присуствуваат над 60 бизнисмени од Канада кои се заинтересирани за работа во нашиот регион. 

27.02.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа