НЕВЕРОЈАТНО: Медиумите блиски до СДСМ дознаа за Стево Пендаровски
По речиси два дена од одржувањето на состанокот на највисокото партиско раководство на СДСМ на кој беше одлучено Стево Пендаровскид а биде единствен кандидат предложен на Конвенцијата на 4ти март, медиумите блиски до СДСМ дознаа за оваа вест.
Порталот Плусинфо кој важи за близок до опозицијата пред малку објавид ека попладнево во 17 часот ќе биде верификувана одлуката Стево Пендаровски да биде партискиот кандидат за шеф на државата.
Партијата вчера остро ги демантираше информациите на Пресс24 добиени од сигурни извори внатре во СДСМ дека тесниот партиски врв договорил да настапи токму со Пендаровски. И самиот кандидат за дел од медиумите изјави дека никој до сега не разговарал со него за оваа функција.
Пресс24 вчера вечер објави и фотографии од партиски трибини на СДСМ каде Пендаровски стои пред натписи „Стево за претседател“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа