Јанукович: Се уште се сметам за легитимен претседател избран од народот

 

Иако вчера Врховната Рада (парламентот) на Украина изгласа дека Виктор Јанукович не може повеќе да ја извршува претседателската функција, сепак тој се уште се смета себе си за легитимен претседател на Украина, јави ИТАР-ТАСС.

- Се уште се сметам за легитимен претседател на украинската држава, избран со слободната волја на украинските граѓани, посочува Јанукович во „обраќање до народот на Украина“.

Тој додаде дека не може да останре нем на трагичните настани во неговата татковина и истакна дека спогодбата за надминување на кризата во Украина, што на 21 февруари 2014 година беше потпишана од него и лидерите на украинската опозиција во присуство на почитуваните западни партнери, не е исполнета.

"Од улиците на многу градови во земјата ни се јавува екстремизам. Се упатуваат закани за физичка ликвидација кон мене и кон мои соработници", вели Јанукович.

Јанукович воедно им „нареди“ на украинските Вооружени сили  да не се мешаат во настаните во земјата. - Ако некој им издаде такви наредби на вооружените сили и безбедносните структури, тие ќе бидат нелегитимни и противзаконски, дополнува Јанукович во „обраќањето до народот на Украина“.

27.02.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега