Украинскиот парламент ја започна седницата за избор на нова влада
Претпладнево започна седницата на украинската Врховна рада на која треба да биде избрана нова влада на Украина.
Олександер Турчинов е претседавач со седницата. Тој најави дека заседанието ќе трае се додека не биде формирана владата.
- Затоа барам од пратениците да ги разгледуваат законите по скратена процедура, а одлуките да ги носат брзо, истакна Турчинов.
Лидерите на украинските протести синоќа на киевскиот „Плоштад на независноста“ го избраа поранешниот министер за економија Арсениј Јацењук за претседетел на новата влада.
- Се наоѓаме на работ на катастрофа, а ова е влада на политички самоубијци. Добредојдовте во пеколот!, изјави Јацењук пред насобраните граѓани на плоштадот во Киев, додавајќи дека новата влада ќе мора да направи екстремно непопуларни чекори, бидејќи претходните власти и поранешниот претседател Виктор Јанукович, биле толку многу корумпирани и ја донеле земјата во очајна финансиска ситуација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа