Продолжен рокот за доставување барања за средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека се продолжува рокот за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година, за Мерката 1.4 Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – специјализирани продавници за вино со потекло од Република Македонија.

Останатите делови од јавниот повик објавен на 1 февруари 2013 година, истакнуваат од Агенцијата, остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk

Рокот се продолжува до 30 април.

27.02.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега