Кери: Слободните избори не водат секогаш кон вистинска демократија
Слободните избори не се секогаш вовед во вистинска демократија, што се покажало во многу земји, а една од нив е и Украина изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
Тој додава дека повеќемесечните протести во Украина, кои доведоа до смена на претседателот Виктор Јанукович, се само еден од примерите за „моќта на народот“ во изминатите месеци, а слична судбина доживеа и првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, што докажува дека самите избори не се секогаш доволни.
- Демократијата не е дефинирана само со изборите. Може да имате демократски избрана влада, но да немате демократски засновани реформи кои всушност ви даваат целосна, практична и функционална демократија, истакна Кери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа