Холивудска актерка призна: Плачам кога ќе помислам на смртта
Иако изгледа како млада девојка, а има 76 години, неверојатната холивудска актерка Џејн Фонда призна дека како старее така се повеќе се плаши од смртта.
Зошто плачам? Мислам дека тоа има врска со моите години.Толку ужасно сум свесна дека времето поминува, колку малку време ми остана, и колку многу поминав. Тогаш времето станува многу драгоцено, апиша Фонда на својот блог.
Актерката додава дека со годините повеќе ги цени малите работи, отколку кога била млада и дека сега е премногу чуствителна.
- Сега сум супер чувствителна на болката и на радоста на другите луѓе, се грижам за несаканите деца, поларните мечки, слоновите, делфините - вели холивудската дива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа