Сарачини на состанок на Советот на странски инвеститори

Министерството за економија и Советот на странски инвеститори денеска организираат средба на која странските инвеститори во Република Македонија, ќе можат да го претстават планот на активности во наредниот период.

На средбата ќе биде презентирана и Стратегијата на Југоисточна Европа 2020, која е од големо значење за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија. Дел од средбата ќе биде и министерот за економија Ваљон Сарачини, претседателот на Советот на странски инвеститори Хуан Педро Хименез Наваро, потпретседателите Вернер Хенгст и Џатин Такер и претставници на странските инвеститори, стои во соопштението од Министерството за економија.  

 

27.02.2014 - 10:43
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа