Охридската туристичка понуда ќе биде претставена на Саемот за туризам во Белград

Охридската туристичка понуда ќе биде претставена на 36-тиот по ред Меѓународен саем за туризам што од денеска до 2. март ќе се одржува во Белград.

Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа од Охрид, градот ќе биде дел од најголемата туристичка манифестација во овој дел на Европа, на која ќе се претстават најпознатите хотелско-угостителски брендови и туристички агенции на Охридската ривиера.

На отворањето на Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола Бакрачески, кој во рамки на престојот во Белград ќе се сретне со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Вера Јованоска-Типко и со директорката на Туристичката организација на Србија, Гордана Пламенац.

Со промоцијата на туристичките потенцијали на Охрид на овој голем саем, се очекува поголемо присуство на странски, особено туристи од Србија, чиј број од година во година се зголемува. Официјалните податоци покажуваат дека во бројот српски туристи кои го посетуваат Охрид расте од година во година, со остварени 23.036 ноќевања во минатата туристичка сезона, без притоа да се пресметани новогодишните празници. 

27.02.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега