Трогателно: Тинејџер го планираше својот погреб, а потоа се случи чудо
Четиринаесетгодишниот тинејџер Дерин Блеквел до пред извесно време мислел дека не му остануваат уште многу денови. Покрај леукемијата тој се борел и со уште еден редок вид на рак па почнал да го планира својот сопствен погреб.
Тој изразил желба да биде спроведен со истото возило со кое Винстон Черчил бил превезен на погребот. Сакал да биде погребан со звуците на песната „Move Your Feet“, во костум, со розова „чирокеза“.
Младиот Блеквел мислел дека нема да го доживее Божик. На десет години дијагностицирана му е леукемија, но набрзо потоа откриле уште едно ретко заболување на крвта.
Докторите се обиделе на Дерин да му пресадат коскена срж, но секоја операција била безуспешна и неговото тело го напаѓале разни инфекции.
Имал дури и заболување кое предизвикува отпорност на лекови поради што бактериите можеле да преживеат во неговиот организам и покрај антибиотиците. На прстите му се појавило некроза, односно изумирање на клетки и живите ткива. После ова, Дерин и неговите родители помислиле дека тоа е навистина крај. Дерин ја прифати сопствената смрт. Се бореше храбро во изминатите четири години и сега само сакал маките да завршат. А потоа се се промени.
Иако мислеше дека нема да го дочека Божик, Божик дојде и пројде, па помина и јануари. Дерин случајно ги искинал завоите, мислел дека прстите му скапале, но тие сите биле „на свое место“.
Неговиот имун систем бил во целост погоден, лековите му биле прекинати и докторите не знаеле дали момчето ќе може да се избори со сите инфекции. Но Дерин сепак успеал да победи.
Никој не може да објасни како Дерин преживеал, сите го поврзуваат неговото оздравување со чудо.
Неговата мајка изјави дека до пред само два месеци биле подготвени да го кремираат Дерин, а сега лекарите велат дека неговото лекување е завршено.
Сега, колку тоа чудно да звучи, Дерин го проживува својот живот. Беше толку сигурен дека ќе почине и дека ќе ја изгуби битката со ракот, а сега не е сигурен во својот нов живот.
Дерин порано ја замислувал иднината само за следните неколку часа или неколку дена. За среќа, сега може да ја планира својата иднина, школувањето, кариерата и живот без болести.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа