Информатор на ФБИ комуницирал со Бин Ладен пред нападите во САД
Како што објави весникот „Вашингтон тајмс“ и телевизијата Ен-Би-Си, информатор кој работел за ФБИ, бил во контакт со терористичкиот лидер Осама бин Ладен, осум години пред нападите вo САД од 11 септември 2001 година.
Информаторот на ФБИ во терористичката мрежа на Ал Каеда се сретнал со Бин Ладен и знаел дека тој сака да финансира терористички напади.
„Кртот“ работел како возач и бил лице од доверба на египетскиот проповедник Имар Абдел Рахман, познат како „слепиот шеик“, кој отслужува доживотна затворска казна за нападите од 1993 година врз Светскиот трговски центар.
Според медиумите. ниту Конгресот, ниту Комисијата за нападите од 11 септември не знаеле за кртот и покрај деталното истражување на нападот во кој загинаа речиси три илјади лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа