Се појави втора компромитирачка аудио снимка од Ердоган
Откако пред извесно време се појави снимка со снимен разговор на турскиот премиер Реџип Таип Ердоган сега се појави и втора компромитирачка аудио снимка за која се тврди дека претставува снимен разговор на турскиот премиер Реџеп Таjип Ердоган со неговиот син.
На Јутјуб видео записот бил поставен лицето под псевдонимот Харамзаделер, мажот чиј глас наликува на тој на Ердоган бара од соговорникот, за кој се тврди дека е синот на турскиот премиер Билал, да не ја прифаќа понудената сума пари за некоја бизнис зделка, туку да почека втората страна да понуди повеќе, како што ветила.
- Другите даваат. Зошто и тој не може да даде? Што тие мислат, што е работата?... Но не се грижи, ќе ни паднат тие нам во раце, вели наводниот Ердоган на снимката.
Во понеделникот се појави аудио снимка од уште еден разговор за кој се тврди дека е меѓу Ердоган и неговиот син, во кој „Ердоган“ му наредува на „Билал“ од една од нивните куќи да сокрие значителна сума пари. Овој разговор, наводно, се случил на 17 декември минатата година, кога во полицијата беа приведени синовите на тројца членови на турската Влада под обвинение за корупција и поткуп.
Кабинетот на Ердоган во вторникот соопшти дека снимката е лажна, дека претставува „неморална монтажа“ и дека против сторителите ќе биде покрената судска постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа