ФОТО: Стево Пендаровски не знае дека ќе го кандидираат ама со задоволство стои пред ваков натпис
Човекот кој утринава тврдеше дека прв пат слуша за намерата на СДСМ да го кандидира за шеф на државата, не изгледа ни малку збунето и изненадено на фотографијата која на фејсбук ја објави СДСМ-Гази Баба.
На една од трибините кои редовно ги држи низ општинските организации на партијата (активност која малку наликува на предизборна кампања), зад него е закачен натпис „Стево за претседател“. Слична трибина за овој петок најавува општинската организација на СДСМ во Центар каде Пендаровски треба да се обрати во 19 часот.
Но ако и тоа не е доволно релевантен метод за информирање на Пендаровски за можноста тој да истрча на претстедателските избори, можеби работата може да ја заврши Фан страната на фејсбук „Стево Пендаровски за претседател“ која има над 2.000 лајкови од активисти на СДСМ и е редовно ажурирана со сѕтавови на потенцијалниот претседателски кандидат.
Пресс2 вчера објави дека партискиот врв на Бихаќка договорил тој да биде кандидат на претстојните избори. Пендаровски преку порталот Република порача дека до сега со никого не разговарал на оваа тема а не знаел ни дека е предлог на повеќе општински организации иако информацијата со денови кружи низ медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа