Младите од село Милино си добија ново фудбалско игралиште
Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денска заедно со вицепремиерот Владимир Пешевски и градоначалникот на општина Лозово Орце Цветковски, во селото Милино, во општина Лозово, свечено го отворија новоизграденото повеќенаменско игралиште од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралиште низ целата држава“.
Вредноста за изградбата на игралиштето, е во вредност од 7 милиони денари.
Со изградбата на повеќенаменското игралиште во општина Лозово, како што се наведува, ќе се овозможат услови за непречен развој на младите и спортистите кои можат да спортуваат и да се рекреираат.
Игралиштето е со димензии за одигрување на натпревари во мал фудбал, ракомет и кошарка, и опремено е со систем за ноќно осветлување - рефлектори за одигрување натпревари во ноќните часови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа