Емина до Даниел: Не можеше да ме доведеш до врвот на задоволството
![](/sites/default/files/styles/large/public/e3q2r4keogtkrhoyt.jpg?itok=5-g1_pvc)
На вчерашното седмото лајв издание на Х-Фактор, нашиот финалист Даниел Кајмакоски ја отпеа песната од филмот Ghost. И за прв пат Даниел доби мала критика еве ги коментарите од жирито.
Кристина: Технички перфектна изведба, она што мене малку ми фалеше е онаа твоја специјална магија, тоа е она што предизвикува морници кај мене. Сепак е феноменалнно.
Кики: Песната секако е стара, но и твојот глас е полетен, ја отпеа на свој начин. За тебе нема сомнение дека ќе бидеш голема ѕвезда.
Емина: Беше Многу добар технички, но мене ми недостигаше емоција, не можеше да ме доведеш до врвот на задоволството . Што ми се смеете, не може човек ни да се изрази.
Жељко: Ти знаеш дека веќе си голема ѕвезда, оваа песна ми е досадна, но ти беше одличен. Е сага дали некој ќе се наежи или не, можеме да дебатираме, беше супер.
26.02.2014 - 16:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа