Претресени канцелариите на Виктор Јанукович

 

Како што соопшти Јавното обвинителство, денеска е извршен претрес во канцеларите на Виктор Јанукович и други институции во Украина, меѓу кои и Националната банка.

-Во рамки на криминалната истрага се вршат претреси во зградите на претседателската администрација, Советот за национална безбедност и одбрана, Националната банка и поранешната резединција на Јанукович, се наведува во соопштението на обвинителството.

Освен Јанукович, во документот се наведени и неговиот шеф на кабинетот Андриј Кљуев, поранешниот јавен обвинител Виктор Пшонка и поранешниот министер за внатрешни работи Виталиј Захарченко како обвинети за убиство за време на немирите во земјата, кои траеја три месеци.

26.02.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега