Руското знаме се развиори пред зградата на локалната самоуправа во Харков

 

Руското знаме се развиори пред зградата на локалната самоуправа.

Знаме било кренато на јарболот со повиците „Русија и Киев, гледајте“.

Градоначалникот на Харков, Генадиј Кернес побара од органите на редот да преземат мерки и „на јарболот да го остават само државното знаме“.

- Харков е дел од Украина, тука ќе виси само знамето на Украина, изјави Кернес, чии обиди за симнување на знамето на Русија, според руските медиуми, биле безуспешни.

Денешниот собир во Харков беше организрани во знак на протест против обидите на прозападните сили во земјата за уривање на споменикот на Ленин.

По смената на украинскиот претседател Виктор Јанукович и преземањето на власта од страна на досегашната опозиција, ширум Украина беа урнати или осквернавени повеќе споменици на Ленин и други комунистички и руски дејци. 

26.02.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега