И во Прилеп ќе фрчат маски

 

14-тиот меѓународен карневал „Прочка“ во Прилеп ќе биде оддбележан со низа манифестации, информираат организаторите.

Оваа година се очекуваат голем број на учесници од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија. Програмата започнува во петок со изложба на маски кои ги изработиле прилепските ученици и маскенбалите во приелепските кафулиња. Во сабота напладне низ центарот на Прилеп ќе има жонглери и акробати, а главниот настан на 14-тиот меѓународен карневал „Прочка“ ќе се случи во недела во 13 часот во центарот на Прилеп.  Наградите и оваа година ќе бидат доделени во три категории традицонални маски, современи маски и категорија за деца. Во 21.00 часот во хотелот „Липа“ ќе се оддржи маскенбалската забава на која ќе присуствуваат специјалните гости: Eye Cue и Кристина Арнаудова.

Прилеп оваа недела ќе живее во духот на карневалот, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој информираше дека Советот  на Прилеп  ќе донесе одлука и оваа година да се зголеми работното време на прилепските локали за два часа, а во сите прилепски кафулиња и дискотеки влезот за гостите ќе биде со задолжително носење на маска.

25.02.2014 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега