Дел од Скопје утре без вода

 

Дел од корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Краишка“ и „Натанаил Кушевшки“ во општина Бутел утре од 9 часот до завршувањето на интервенцијата ќе останат без водоснабдување.

Од 9:30 часот до завршувањето на интервенцијата без вода за пиење ќе бидат и дел корисниците од улицата „Јајце“ во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е  реконструкција на водоводната мрежа од страна на ЈП Водовод и Канализација.

25.02.2014 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега