Ставревски: Започнува тренд на раст на индустриското производство во Македонија

 

Започнува тренд на раст на индустриското производство во Македонија, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Порастот на индустриското производство во февруари од 4,5 проценти во однос на истиот месец според него говорат за трендот на пораст на индустриското производство.

- Охрабрен сум од добрите резултати на „Јухогром“ во почетокот на годинава и сметам дека комбинатот во последните неколку месеци работи добро. Вклучени се сите печки, илјада луѓе се на работа што е најмногу во последните 10-ина години. „Југохром“ е составен дел на индексот на растот на производството, очекувам во следните месеци да продолжи тој тренд и македонската индустрија да продолжи со позитивни стапки и на тој начин да го повлече и растот на економијата и на БДП во целина, изјави Ставрески.

- Секогаш бевме тука кога требаше да опстане и да продолжи со работа „Југохром“, стожерот на стопанството за овој регион, а така ќе биде и во иднина. Владата и локалната власт и понатаму ќе ја пружаат сета потребна помош како што направија и претходно кога беше потребно да се приватизира земјиштето и да се поттикне извозот во „Југохром“, рече Ставрески.

Генералниот директор на „Југохром фероалојс“ Бранислав Ѓуровиќ истакна дека првпат во последниве 20 години во комбинатот работат илјада работници.

- Работиме добро, работевме добро и порано, но не со толкав капацитет, а како што времето поминува се подобро работиме, рече Ѓуровиќ и додаде дека за сето време имале максимална поддршка од Владата и од локалната самоуправа.

најчитано сега