ВИДЕО: Еве што било пронајдено во гаражата на Јанукович

 

Во гаражата на украинскиот претседател Јанукович биле пронајдени голем број автомобили, од Renault Twizy па се до рускиот “Chayka”, а сите биле сместени на огромен имот, заедно со терен за голф и зоолошка градина, лоцирани не толку далеку од Киев.

 

Биле пронајдени број советски класици, обновени до совршенство, но и западни олдтајмери како Rolls-Royce. Секако, колекцијата не би била импресивна доколку ги нема и новите претставници на автомобилската индустрија, какви што се Mercedes-Benz и Bentley.

 

Како што пренесуваат медиумите во Украина, вредноста на колекцијата е блиску до 2 милиови евра.

25.02.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега