Еве што се случува со Фејсбук профилите на починатите

Можеби ќе ви звучи малку невообичаено но Фејсбук веќе извесно време „размислува“ да го промени начинот на постапување со профилите на починатите корисници и конечно успеа да најде решение. 

До сега профилите на починатите корисници остануваа заклучени и кон нив не можеа да пристапат корисници кои не биле пријатели со нив. Веќе од вчера тоа е променето.

Доколку корисникот под содржината за живот ставил ознака „јавно“, сите ќе може да го гледаат неговиот профил. Тоа значи дека профилите на починатите корисници ќе се појавуваат во просторот за пребарување и истите профили ќе може да бидат гледани и од лица кои не се пријатели со нив. Овие профили ќе бидат означени како „овековечени“ и другите корисници ќе знаат дека гледаат профил му припаѓа на починат корисник на оваа социјална мрежа.

Доколку пак, профилот е „заклучен“ пред нечија смрт, така ќе остане засекогаш.

Корисниците кои се пријатели со корисник кој е починат и понатаму ќе може да му праќаат пораки, да ги гледаат неговите објави и слики, но нема да можат да ја менуваат содржината или состојбата на профилот.

Видео компилацијата „Look Back“ која ја воведе Фејсбук, ќе ја има и за починатите корисници.

Фејсбук нема да ги брише профилите на починатите корисници дури ни на барање на семејствата.

25.02.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа