Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Индонезија
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала е регистриран утринава крај бреговите на Индонезија, соопшти Американскиот геофизички институт.
Епицентарот на потресот бил на 126 километри од островот Тернате во провинција Северно Малуку, на длабочина од 54 километри под морското дно.
Сеуште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту опасност од појава на цунами.
25.02.2014 - 09:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа