Во немирите во Киев загинати 82 лица а 669 се повредени
Конечниот биланс на жртвите во немирите во Киев минатата недела изнесува 82 загинати соопшти синоќа Украинското Министерство за здравство.
За време на протестите се повредени и 699 луѓе, од кои 463 се наоѓаат во болница.
Украинскиот Парламент во саботата го смени шефот на државата Виктор Јанукович, ја ослободи од затвор поранешната премиерка Јулија Тимошенко и одлучи вонредните парламентарни избори да се одржат на 25 мај.
25.02.2014 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа