Тимошенко ја прифати понудата на Меркел- ќе се лекува во Германија

 

Поранешната украинска премиерка или уште наречена "челичната лејди" Јулија Тимошенко следниот месец ќе замине во Германија на лекување, се наведува во соопштение објавено на нејзината интернет страница.

Во соопштението стои дека поранешната премиерка Јулија Тимошенко ја прифатила понудата од германскиот канцелар Ангела Меркел да се лекува во Германија.

Таа ќе замине на лекување откако ќе присуствува на конгрес на европската народна партија во Даблин, што почнува на 6 март.

 

Тимошенко во саботата веднаш по ослободување во затворската болница најави дека ќе се кандидира на претседателските избори.

24.02.2014 - 20:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега