Македонците бараат враќање на националноста во граѓанскиот регистар на Албанија

 

Ова, како што пренесува агенцијата Балкан веб, за тиранскиот весник „Газета шќиптаре“ го изјавил градоначалникот Едмонд Темелко, кој воедно е и лидер на партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција.

Темелко нагласува дека нивната македонска националност не фигурира ни во основниот граѓански регистар, а тоа значи дека тие официјално не постојат. Според него, бришењето на националноста дошла во време кога се бара признавање на реалното постоење на Македонците во други делови на Албанија.

Тој потецира дека во општина Пустец, која ја сочинуваат девет села, живеат над 5.300 Македонци, но во Албанија Македонци живеат и во Гора, Голо Брдо, во Тирана, Елбасан, и во многу други градови и села.

Навредени од односот на властите околу националноста Македонците бараат државата да реагира околу оваа ситуација. - Ние се чувствуваме дискириминирани од страна на Владата. Зачудени сме поради фактот дека националноста постоеше во времето на комунизмот, а се брише во демократија. Во време кога ние бараме повеќе права, ни се бришат и тие права што ги имаме. Невнесувањето на националната припадност во документите е навреда за Македонците и ние ова барање го имаме доставено и до Европскиот суд за човекови права во Старазбур од каде очекуваме позитивен одговор, вели Темелко.

Потоа, додава тој, ќе ги бараат нивните легитимни права со сите демократски средства во рамките на законот.

Националноста од матичните книги на Албанија беше избришана во декември лани, кога Уставниот суд позитивно одговири на барањето на националистиката Црвено-црна алијанса. Тој го повторува ставот на Македонците, кои заедно со сите други малцинства, не го признаа пописот што во октомври лани се одржа во Албанија, бидејќи не им беше дозволено да го искажат навниот идентитет.

најчитано сега